На крајот на мај технолозите на PALCO од Хрватска, Словенија, Македонија и Србија се сретнаа за размена на искуства и работеа на експерименти во нашата лабораторија во Шабац.
Клучните аспекти на дводневните средби беа анализи на заедничките потреби на нашите пазари и се работеше на низа подредени експерименти за:
- Примена на природни бои во месната иднустрија
- Прозиводи како замена за желатин
- Функционалноста на различни видови растителни влакна, на пр. пченични влакна, влакна од бамбус, компир и грашок
- Модифицирани скробови и нивна примена во пекарски полнења, кечап и слично.
Со вакви внатрешни обуки, нашиот PALCO тим на технолози го проширува богатството од искуства и ја зголемува можноста да им понуди на нашите клиенти драгоцена поддршка во практичната имплементација на нови апликации.
