На 26 април 2018 година, по рекордно време на градба од 16 месеци, свечено беше отворен административно - логистичкиот центар на ПАЛКОМАК во Скопје.
Присутните принципали, членови на општинската администрација на Илинден / Скопје, Германската стопанска комора и секако нашите клиенти им честитаа на овој храбар чекор.
Новиот објект на ПАЛКОМАК во составот има канцелариски простор, лабораторија која вклучува просторија за тестирање и модерно складиште со заштитена зона за товар и истовар.
Отсега нашите клиенти во Македонија, Косово и Албанија можат да бидат послужени уште пофлексибилно и побрзо со бараните производи.
Ние, ПАЛКО групацијата, сме многу горди на овој успешен проект и им посакуваме на нашите колеги во Македонија многу успех и радост во нивниот нов канцелариски и логистички центар.


The "blue" PALKOMAK building from air photograph
